14 ПОНЕДЕЛНИК 13 МАЈ 2013КУЛТУРА
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
П
ретставата на МНТ „Животот на Молиер“ од Булгаков
во режија на Александар Поповски, во петокот, беше
изведена пред многубројната риечка публика, на сце-
ната на Хрватскиот културен дом на Сушак, на 20. Меѓуна-
роден фестивал на мали сцени.
Публиката со долг аплауз ја поздрави актерската екипа и
неколку пати ја врати на бис,
а посебно беше фасцинирана
од улогата на главниот актер во претставата Никола Риста-
новски, кој четврти пат на овој фестивал ја освојува награда-
та за најдобра машка улога „Вељко Маричиќ“. Пофалби сле-
деа и за актерите Оливер Митковски, Емил Рубен, како и за
останатата актерска екипа.
„Имам гледано неколку претстави на
режисерот Поповски
што ги има режирано во Загреб, потоа претставата ’Кандит‘
од Белград, па негови постановки во Риека, на Бриони. По-
повски има многу препознатлива поетика и по мое мисле-
ње, претставата што ја видовме на овој фестивал ’Животот
на Молиер‘ е апсолутно врв од она што досега сум го видела
од
него. ’Сон на летната ноќ‘ која многу добро помина во ’Га-
вела‘ во Загреб, сметам дека е многу добра претстава, но во
себе има слаби точки. Додека ’Животот на Молиер“ нависти-
на нема слаби точки. Од текст, до драматургија, да не збору-
ваме за актерскиот ансамбл, кој од прв до последен
апсолут-
но ја држи таа енергија на заиграност во секој момент, на
чело со потполно фасцинантниот Ристановски, кој овој пат
се покажа во една потполно друга креација“, рече Тајана
Гашпаровиќ, водителка на тркалезната маса за критика ко-
ја се одржа во рамките на фестивалот.
Одличната режија на Поповски ја пофали и селекторката
на
фестивалот Жељка Турчиновиќ, која нагласи дека „Живо-
тот на Молиер“ е една многу софистицирана претстава со
одлична режија и актерска екипа. „Ние немаме секоја годи-
на претстава од Македонија, но секако следиме што се слу-
чува и ова беше еден добар пример од македонскиот теа-
тар“, рече Турчиновиќ.
Режисерскиот ракопис на
Поповски веќе добро ~ е познат
и на загрепската публика, која во последниве години има
можност да гледа с` повеќе негови претстави, истакна
актерката Хелена Буљан од Загреб, додавајќи дека работата
на Поповски посебно ја почитува. „Претставата ме освои и
сметам дека е една од најдобрите претстави на фестивалот.
Жирито го награди главниот актер
, Никола Ристановски, но
би го пофалила исто така целиот актерски ансамбл“, рече
Буљан.
Коментарите за претставата „Животот на Молиер“ не згас-
наа до крајот на фестивалот, а најчестите коментари беа де-
ка македонската претстава е една од најдобрите со толку
добри актери.
„За мене врв во театарот е кога во еден
момент не ја сеци-
рам претставата, не гледам сцена, не гледам актери, не гле-
дам режисерски постапки, туку зборувам дека е вистина. Е
оваа вечерашна претстава, колку и да е слоевит тој Молие-
ров дел, Булгаков и денешниот, јас верував дека е вистина.
Тоа е она што за мене е најголем
комплимент кој можам да
го дадам, кога ќе се препуштам и верувам дека гледам вис-
тина. Е, оваа претстава ми го даде тоа“, рече Миша Цвијано-
виќ, долгогодишен новинар од „Нови лист“.
Актерот Никола Ристановски, кој четврти пат гостува со
претстава на фестивалот, а еднаш бил и член на фестивал-
ското жири
, истакна дека му е посебно драго што првпат че-
кори под македонска застава на овој фестивал и тоа за него
е една нова ситуација. „На овој фестивал се чувствувам рас-
товарен и публиката тоа го почувствува и реагира, таа знае
дека овој пат правиме театар заради
театар, значи тоа може да има
корела-
ција и со с` друго, и со општеството и
со политиката. Но, публиката овде и
во Белград изреагира токму на начин
на којшто се играме во театарот. Тоа е
драгоцено и многу ми е мило што таа
тоа го препознава и во Белград и во
Риека и во Италија, каде што јазична-
та бариера е поголема. Тоа значи дека
сепак во оваа наша скромна приказна
сме успеале да вметнеме нешто што е
парче човечка душа“, изјави Ристанов-
ски.
Актерот Оливер Митковски истакна
дека уживал во комуникацијата со ри-
ечката публика. „Евидентно станува
збор за исклучително образувана пуб-
лика со високи естетски критериуми,
подготвена во целост
да ги разбере и
ужива во сите нивоа на нашиот, во не-
која рака, политички театар“, рече
Митковски.
Режисерот Поповски првпат доаѓа на фестивалот со маке-
донска претстава, а на риечката публика ~ е познат и по
претставата „Сон на летната ноќ“, која ја има режирано во
театарот „Гавела“ во Загреб, а во Риека
ја има поставено
претставата „Циркус Дестетика“ на Данил Хармс.
По Риека, претставата синоќа беше изведена и во загреп-
скиот театар „Гавела“, со што заврши оваа мала турнеја на
Македонскиот народен театар.
Инаку, фестивалското жири составено од три актерки: Хе-
лена Буљан, Рада Џуриќин и Елвиа Нациновиќ, за најдобра
претстава во целина ја
прогласи претставата „Миранда“ од
градскиот театар од Вилниус во режија на Оскарас Коршу-
новас. Наградата Анџелко Штимац за најдобра режија ја до-
би Оскарас Коршуновас за режија на „Миранда“.
Додека актерската награда „Вељко Маричиќ“ за главна
машка улога рамноправно ја поделија Никола Ристановски,
за улогата на Молиер и Озрен Грабариќ за
улогата на Артур
Уија во претставата „Кабаре Брехт - Подемот на Артур Уија“
од театарот „Улисис“ од Загреб. Овој пат и наградата за глав-
на женска улога беше поделена, и тоа помеѓу Едита Караџо-
ле, за улогата на мајка во претставата „Дабогда те мајка ро-
дила“ и Сандра Лончариќ Танкосиќ, за улогата
на Катарина
во претставата „Унтерстат“ од ХНК во Осиек.
Наградата од публиката „Далибор Форетиќ“ ~ припадна
на претставата „Дабогда те мајка родила“ на ХКД театар и
ХНК Ивана Зајца од Риека, додека според гласовите на пуб-
ликата „Животот на Молиер“ се најде на второ место со
оценка 4,72.
Актерите во „Животот на Молиер“
ја освоија публиката во Риека
Никола Ристановски четврти пат
на Фестивалот на мали сцени ја
добива наградата за најдобра
машка улога „Вељко Маричиќ“
„Животот на Молиер“ на Фестивалот
на мали сцени во Риека
Тркалезна маса: Вистинска ода на театарот
„П
реку повеќето свои претстави, Александар Поповски
комуницира со минливоста на театарската уметност,
а ’Животот на Молиер‘ е вистинска ода на театарот“, рече
Татјана Гашпаровиќ, водителка на тркалезната маса посве-
тена на критиката на Меѓународниот фестивал на мали
сцени во Риека, каде што претпоследната фестивалска ве-
чер беше изведена претставата на МНТ, работена
според
текст на Булгаков.
Режисерот Александар Поповски напомена дека 10 години
нема работено во Македонија токму поради тоа што не се
согласува со политичките структури во својата земја, па
овој наслов е негов сценски протест против односот на
власта наспроти уметноста.
„Иако одамна заклучив дека сето наше говорење за пробле-
мите создава само бучава
која не користи никому, сепак
одлучив да го работам ’Животот на Молиер‘. Тоа е многу
лична претстава, се работеше долго, но задоволен сум од
резултатот“, истакна Поповски.
Актерот Никола Ристановски исто така потенцираше дека
нема работено 10 години со режисерот Поповски. Среќен е
поради успехот на претставата иако рече дека него не го
загрижува
толку власта и нејзиниот однос спрема уметни-
ците, колку оние „помеѓу“!
За претставата зборуваше и Дарко Гашпаровиќ, театролог,
потцртувајќи го заплеткувањето и преплетувањето на раз-
лични времиња во текот на претставата, времето на Моли-
ер со Булгаков, па дури и ова наше, но и актерското тран-
сцендирање во самиот дух на
театарот, со што таа е повеќе
од политички театар. Таа сцената навистина ја креира како
простор на слободата.
Театарскиот критичар Бојан Муњин заклучи дека зад секоја
претстава која се бори за освојување на слободата стои се-
риозен труд, никако игра:
„Оваа претстава е вистинска борба и тоа не е прашање на
енергија
, туку на свест“, рече Муњин. Додека актерот Бра-
нислав Лечиќ, фалејќи ја актерската игра истакна дека теа-
тарот е средство само за спас на душата.
„Не криејќи се зад текстот и илузијата, а воспоставувајќи
чиста комуникација со режисерот, актерите се обраќаат на
публиката и во тоа ја препознаваат лековитоста на теата
-
рот, кон кој треба да се стреми“, рече Лечиќ.
Никола Ристановски и Оливер Митковски