Живеалиште е место каде што живеат животните и растенијата. Основните услови за живот во едно живеалиште се: место, храна, вода и воздух. Ливада е место обраснато со трева и разновидни растенија. Жители на ливада се: пеперутка , полжав, буба мара, оса, пчела, полскиглушец,срна,зајак,змија,трева,глуварче,цвеќе. Шума е место обраснато со многу дрвја. Жители на шумата се: волк, верверица, мечка, лисица,елен, срна,зајак,бор,ела,смрека,даб,бука.
Бара е застојана слатка вода . Жители на барата се:жаба,трски,алги,лотосов цвет,штрк. Езеро е голема водена површина со слатка вода. Езерата се помали од морињата. Жители на езерото се:риби,школки,алги,водни растенија
На растенијата им се потребни четири услови: СОНЦЕ ВОДА ВОЗДУ Х ПЛОДНА ЗЕМЈА ВОДА Кога сите овие услови се исполнети , растенијата самите си создаваат храна
За разлика од растенијата, животните не можат самостојно да ја подготвуваат храната. Тие се зависни од растенијата и од др. животни. Различни животни имаат различни навики за исхрана. Според тоа, животните ги класифицираме во три групи: Тревопасни животни; Месојади; Сештојади
Животните кои се хранат само со растенија (лисја, треви,плодови, семиња) се ТРЕВОПАСНИ животни. Животните кои се хранат со храна од животинско потекло (месо) се МЕСОЈАДИ. Животните кои се хранат со храна од растително и животинско потекло се СЕШТОЈАДИ (тука спаѓаат и луѓето)
СИНЏИР НА ИСХРАНА Живите суштества се меѓусебно поврзани преку исхраната. Таквата поврзаност се нарекува СИНЏИР НА ИСХРАНА. Во природата има различни синџири на исхрана, но заедничко за сите синџири е што започнуваат од растенијата.
Чистата и здрава животна средина е важна за квалитетот на животот кој го водиме. Природата има голем број на предмети кои ние многу ги користиме. Преку невнимание кон околината и отпадот кој го создаваме предизвикуваме негативни работи кои ги загадуваат воздухот, почвата и водите кои се главни извори на живот. Нашите секојдневни навики и начин на живот создаваат големи количини на отпад. Несоодветното фрлање на отпадот предизвикува големи проблеми со загадувањето кај нас и насекаде низ светот. Животната средина е местото каде што постоиме, се движиме, работиме, дишеме.
Рециклирање е преработка на користените материјали (отпад) за добивање нови производи. Со овој процес се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето во воздухот и во водата. Се рециклираат многу видови на стакло, хартија, метал, пластика, текстил и електроника. Речиси половина од отпадот што го создаваат луѓето може да се рециклира.
Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и повторна употреба .